АХМЕТИ СО ЗЕЛЕНАТА АГЕНДА ВО ШУТО ОРИЗАРИ Посакувам да има достојна и фер кампања

Првиот вицепремиер Артан Груби пред присутните истакна дека најголемиот проект од општините надвор од градот Скопје се прави во општина Шуто Оризари.

331

Тука сме да ја демонстрираме поддршката што ја даваме на листата на советници, даваме силна поддршка за сите проекти што и се потребни на вашата општина, каде што вие живеете. На овој праведен пат вие сте уставна категорија и третирани како и сите други, рече лидерот на ДУИ Али Ахмети на средбата со граѓаните во Шуто Оризари.

– Зошто побарав да бидете третирани исто затоа што нацијата беше окупирана, затоа што мојата нација беше малтретирана, на мојата нација и недостасуваше слобода и јас му припаќам на овој народ за заслуженото да им го дадам на сите оние што живеат заедно на ова небо, посакувам да се почитува постигнатиот договор бидејќи е од корист за сите. Посакувам успех на листата на советници кои достоинствено ги бранат и ги избираат имињата што даваат решенија за барањата на граѓаните. Посакувам да има достојна и фер кампања – рече Ахмети.






Првиот вицепремиер Артан Груби пред присутните истакна дека најголемиот проект од општините надвор од градот Скопје се прави во општина Шуто Оризари.

– Во документот постигнат како договор во оваа општина, беше предвидено се што ќе се направи во рок од четири години, ниту еднa буква во тој документ немаше врска со интересот на ниекого, освен со интересот награѓаните, нема место каде што не се работи во Шуто Оризари. Најголемиот проект од другите општини надвор од општините на Скопје е токму во оваа општина  – нагласи првиот вицепремиер Груби.

Поврзани содржини