Ахмети се заканува и ги испомеша орлите со лавовите, а всушност треба да го прифати изборниот пораз
Но, треба да знае дека неговата воинствена реторика не е храброст, ниту визија, туку признание на политичка немоќ и лош обид да се зачува популарноста меѓу македонските Албанци.
Али Ахмети повторно се обидува да се заканува. На неделниот когрес ги извади истите, одамна потрошени трикови. Со говор полн со закани, митологија и самовеличење се обиде да нe убеди дека сe уште ги држи конците на Македонија во свои раце.
Го заборави тој поразот од локалните избори или се уште од него му се врти во главата па му дојдоа вакви изблици? Или пак, може е лут оти гледа чести апсења на неговите соработници за криминали направени додека беше на власт?
Во занесот дури и се пофали дека тој ја растурил Југославија. А ете и сега ако излегол на улица, немало да се врати дома.
Дали ова опозиционерот пак Ахмети се заканува? Мора ова да го дообјасни лидерот на ДУИ.
Но, треба да знае дека неговата воинствена реторика не е храброст, ниту визија, туку признание на политичка немоќ и лош обид да се зачува популарноста меѓу македонските Албанци.
Неговиот говор не беше порака за иднината, не беше визија за национално единство, туку ехо од минато кое упорно го вади на маса, кога нема други аргументи.
Воедно тој покажа дека воопшто и не знае што е право и суд, кога почна да бара и Бадентер во одлуки кои треба да ги донесеуваат судовите. Тоа е голем доказ дека нему му се измешани работите правдина, правда и националност. А секогаш дава предност само на својата националност.
Најдобро е Ахмети да се сталожи, да го прифати поразот и да си ја реформира партијата. И да не меша работи од типот – до вчера уверуваше дека раководел со орли, сега му се гледаат лавови во неговите редови.
Не, лавовите се на друго место.