Ахмети: Сакав да им понудам на Села и Гаши да станат дел од владата, но не дојдоа на лидерската
Сакав да им понудам на Села и на Гаши да станат дел од владата, но тие не дојдоа на состанокот - рече лидерот на интегративците за ТВ21.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети имал примамлива понуда за лидерите на Алијансата за Албанците и на Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши, но тие не се појавиле на заедничката маса која ја организираше ДУИ по повод 19-годишнината од потпишувањето на Охридскиот договор, откри вечерва лидерот Ахмети во интервју за ТВ21.
– Сакав да им понудам на Села и на Гаши да станат дел од владата, но тие не дојдоа на состанокот – рече лидерот на интегративците.
На средината од месец агуст, Ахмети организираше заедничка маса на која беа поканети лидерите на останатите партии од албанскиот блок, со цел, како што рече Ахмети, да им се заблагодари за заедничката соработка при донесувањето на Законот за јазиците, уставните измени и да ги слушне и нивните предлози.