Ахмети: НАТО бидна, на ред е ЕУ!

Можеби беше бавен процесот, но со храброст и со неколеблива определба успеавме за посигурна иднина, порача Ахмети.

329

Честитки драги граѓани, овој наш долг ангажман исполнет со непрекинати напори денес се заокружи со Шпанија, преку последната ратификацијата на протоколот за членство, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

– Во ниту еден миг не се издвоивме од нашата цел и ниту еднаш не се поколебавме од оваа наша заедничка определба. И тогаш кога сите се сомневаа, и тогаш кога сите кренаа раце од овој пат, ние со инсистирање продолживме на евроатлантската насока на ова земја, и успеавме. Ви благодарам многу за целата поддршка низ сите години, можеби беше бавен процесот, но со храброст и со неколеблива определба успеавме за посигурна иднина. Сега, на ред е Европската Унија. Датум сега! – рече Ахмети.

Поврзани содржини