Ахмети: Меџити не ми кажал дека ќе поднесе интерпелација за министри од ДУИ
Ахмети рече и дека доколку пратеник на ДУИ поднесе интерпелација за сопартиец нема да биде отстранет од партијата.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети не е загружен од најавите на Изет Меџити и други пратеници на ДУИ дека ќе поднесат интерпелација за вицепремиерот Артан Груби и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.