АХМЕТИ И ТАЧИ СЕ СПОИЈА САМО ЗА ДА ОПСТАНАТ ВО ПОЛИТИКАТА Ќе има ли прелевање на пратеници од ДУИ во Вреди?

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, изјави дека нема информација дека се преговара со Мендух Тачи за негово преминување во коалицијата Вреди.

1,632

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, кој е дел од коалицијата Вреди, коментирајќи го излегувањето на Мендух Тачи од Европскиот фронт, предводен од ДУИ, рече дека партиите во овој фронт не се споиле иделошки, туку за да опстанат на политичката сцена.

Во изјава за медиумите дадена денеска во Арачиново, Меџити рече дека нема информација дека се преговара со Тачи за негово преминување во Вреди.






– Јас лично немам такви преговори. Како што и најавив пред некој месец, тие не се споија идеолошки или за повисоки цели, туку за да опстанат на политичката сцена – изјави Меџити.

Прашан дали планираат да преговараат со пратеници од ДУИ за да преминат на страната на Вреди, Меџити најави дека во наредниот период ќе има повеќе информации за тоа.

Поврзани содржини