📷 АХМЕТИ И РЕЏЕПИ ПОТПИШАА КОАЛИЦИЈА Следни за кандисување се Тачи, Села и Хоџа?!

Ова обединување е повеќе од потребно. Треба да се поддржи од турската заедница, ромската заедница. Ви настапуваме навистина чесно, порача лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

416

ДУИ на Али Ахмети и Народното движење на Скендер Реџепи ја потпишаа коалицијата наречена „Европски фронт“. Засега, остануваат двете партии, без потпис на крилото на Алијансата за Албанците на Зијадин Села.

Според претседателот на ДУИ, Али Ахмети, само со членството во Европската Унија може да се спречи младите да си одат од Македонија.






– После 23 години, ние успеавме. Постепено, сите заедно, бидејќи големите нешта не се прават сами. Ова обединување на Албанците во Република Македонија, бидејќи нештата во глобалната политика чекорат лошо. Немаме ништо против политичките партии, но немаат капацитети да се соочат со сите настани што се случуваат во Европа и Блискиот исток. Затоа, ова обединување е повеќе од потребно. Треба да се поддржи од турската заедница, ромската заедница. Ви настапуваме навистина чесно – рече Ахмети.

Тој посочи дека се во тек преговори и со други политички партии, со став дека е процес отворен подолго време.

– Зборуваме со сите, и со Алијанса за Албанците, и со господинот Тачи и со Аријанит Хоџа и со турската партија и со ромската партија да се приклучат во оваа коалиција – вели тој.

Лидерот на Народното движење, Скендер Реџепи најави промени во судството и обвинителството и најави дека „Европскиот фронт“ ќе докаже дека има доволен капацитет да покаже, не дека само ќе ги освојат изборите туку многу повеќе.

Ги повика во „Европскиот фронт“ да се приклучат и други политички субјекти и невладини организации.

Поврзани содржини