Ахмети: Груби прв вицепремиер, Османи шеф на дипломатијата, Бесими во финансии

Лидерот на ДУИ рече дека се уште траат консултации кој ќе седне во министерското столче за информатичко општество и администрација. За таму се споменува Ширет Елези.

1,773

Лидерот на ДУИ Али Ахмети по состанокот на Генералниот совет на партијата соопшти дека ДУИ ги добила вицепремиерското место за политички систем со кое ќе раководи Артан Груби, кој ќе биде и прв вицепремиер,  како и министерствата за финансии каде ќе седне Фатмир Бесими, Бујар Османи ќе раководи со македонската  дипломатија, Крешник Бектеши останува министер за економија и Насер Нуредини за животна средина. Лидерот на ДУИ рече дека се уште траат консултации кој ќе седне во министерското столче за информатичко општество и администрација. За таму се споменува Ширет Елези.

Тој во говорот рече дека првиот премиер Албнец била нивната цел на изборите.






– Во кампањата рековме дека ова е напредок за еднаквост за подобар живот и за иднината за сите. Токму оваа цел ја постигнавме заедно и го заокруживме историскиот договор за раководење во заедничка влада. Нашата цел беше да се постигне еднаквост. Се потриудивме да ги убедиме и другите партии на Албанците да не поддржат, но тие не одговорија на нашата покана и за ова ми е многу жал. Јас сум посветен дека Албанците треба да имаат конструктивен опозициски глас – рече Ахмети.

 

 

Поврзани содржини