Речиси целиот партиски врв на ДУИ го славеше новиот фудбалски првак на Македонија, Шкендија.
Пехарот го крена лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Друштво му правеа и потпретседателката на партијата Теута Арифи, претседателот на Собранието Талат Џафери, првиот вицепремиер Артан Груби, министерот за економија Крешник Бектеши. Моментот е овековечен со фотографии и видеа кои ги споделуваат на социјалните мрежи функционери на ДУИ.
На социјалните мрежи има реакции дека Шкендија станала партиски клуб на ДУИ.