🎥 АХМЕТИ ГИ БАТАЛИ ПИСМАТА, ПОЧНА ДА МОНТИРА ВИДЕА Лидерот на ДУИ испрати нова порака до Мицкоски, ама во поинаков формат
Лидерот на ДУИ Али Ахмети преку монтирано видео објавено на својот профил на Фејсбук му одговори на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски откако тој му порача дека не вреди да го коментира писмото што му го испратил.
„Краток прилог на едно однапред документирано предупредување на владини одлуки и директни и јавни политички инструкции до Уставниот суд“, напиша Ахмети под видеото.
На видеото се прикажани повеќе изјави на Мицкоски за Законот за јазиците, за укинувањето на балансерот, како и за укинувањето на Бадентерот.