Ахмети: Ќе ја направам Македонија како Швајцарија

И денес зборувам да ја направам Македонија подобра земја за сите граѓани. Да имаме подобро образование, подобро здравство за сите граѓани, Македонци, Албанци, Турци и сите, посочи лидерот на ДУИ.

1,032

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека уште во 2001 година изјавил дека планира да ја направи Македонија како Швајцарија.

– Тогаш дел од македонските медиуми и политичари го разбраа тоа како провокација. Пишуваа и говореа дека планирам да ја кантонизирам Македонија. Еве сме денес, 2021 година, цели 20 години подоцна, Македонија е членка на НАТО, и денес зборувам да ја направам Македонија подобра земја за сите граѓани. Да имаме подобро образование, подобро здравство за сите граѓани, Македонци, Албанци, Турци и сите…“ – посочи Ахмети.






Емисијата ќе се емитува вечерва во 21:30 часот на ТВ21.

Поврзани содржини