АХМЕТИ ДА ПРЕСТАНЕ СО ПОКЕРСКИ БЛЕФОВИ Коцкарските бизниси сериозно влијаат врз политиките на ДУИ

Ако навистина сака предвремени парламентарни избори, прво нека депонира писмена гаранција дека кога ќе загуби ќе си замине од политиката, му порача Вреди на лидерот на ДУИ.

476

Коалицијата Вреди му порача на лидерот на ДУИ Али Ахмети, наместо, како што наведе, да ги храбри уплашените поранешни функционери со лажни барања за предвремени парламентарни избори заедно со локалните, да се посвети на внатрешни кадровски и програмски реформи.

„Уште една потврда дека коцкарските бизниси имаат сериозно влијание врз политиките на ДУИ. Ако навистина сака предвремени парламентарни избори, прво нека депонира писмена гаранција дека кога ќе загуби ќе си замине од политиката, за да не трошиме народни пари за проблемите на Ахмети и на Села да спречат распаѓање на нивниот таканаречен фронт“, се наведува во соопштението.

 

Поврзани содржини