АХМЕТИ ДА КАЖЕ ОТВОРЕНО КОЈ МУ НУДЕЛ ПОДЕЛБА НА МАКЕДОНИЈА Пратеникот Ковачки до лидерот на ДУИ

Ковачки вели дека секогаш кога во јавноста се поставуваат прашањата за борба со корупцијата Ахмети отвора теми кои се национал-романтични и не носат никаков напредок на државата.

612

Лидерот на ДУИ Али Ахмети да одговори кој од македонска страна му нудел поделба на Македонија за време на конфликтот од 2001 година, кое тој наводно го одбил – напиша на својот профил на Фејсбук Драган Ковачки, член на извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ахмети повторно зборува за воениот конфликт во 2001 година и признава дека македонската страна била таа која му понудила поделба на Македонија, но бидејќи тој бил посветен на Македонија, не прифатил поделба. Тука се поставува едно прашање и кое доколку е искрен пред Македонците, како што сака да се претстави, Ахмети треба да го одговори: Кој е тој од македонската страна што нудел поделба на државата, неговиот коалиционен партнер Љубчо Георгиевски или другиот коалиционен партнер – СДС?






Граѓаните треба да добијат одговор и да знаат кој е тој што си зел право да одлучува во име на сите тогашни и идни генерации Македонци, но и на сите останати граѓани врз кои почива суверенитетот на државата и дали таквите лица се’ уште се на платен список на граѓаните на Македонија“ – пишува Ковачки.

Тој вели дека секогаш кога во јавноста се поставуваат прашањата за борба со корупцијата Ахмети отвора теми кои се национал-романтични и не носат никаков напредок на државата.

 

Поврзани содржини