АГРО ПРОИЗВОДИ ЌЕ СЕ КУПУВААТ НА ИНТЕРНЕТ Се отвора „Agri E-commerce“ продавница

Проектот има за цел да одговори на потребите што доаѓаат од веб-платформите за етрговија за продажба на локално одгледувани агро-производи (свежи или преработени) од една страна, и од друга страна да им помогне на локалните агро-производители да ги продаваат своите производи надвор од својата област на живеење - преку Интернет.

275

Петнаесет македонски агро-производители бесплатно ги усовршија своите дигитални вештини и веќе се во процес на пласирање на нивните производи на македонските платформи за интернет купување во рамки на проектот „Agri E-commerce“, кој го спроведува Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

Проектот има за цел да одговори на потребите што доаѓаат од веб-платформите за етрговија за продажба на локално одгледувани агро-производи (свежи или преработени) од една страна, и од друга страна да им помогне на локалните агро-производители да ги продаваат своите производи надвор од својата област на живеење – преку Интернет.






– Ситуацијата со ковид- пандемијата ја забрза дигитализацијата на македонскиот пазар, оттука сите засегнати во производството и трговијата мора да ги следат новите правила што ги налага ситуацијата и пазарот. Нашиот фокус како винарија „Бади“ е да бидеме присутни на онлајн платформите на македонскиот пазар, а во некои идни планови и на европскиот пазар– изјави Блаже Миневски, од винаријата „Бади“.

Проектот е во последната фаза, каде што агро-производителите одржуваат состаноци со е-трговците од најпознатите македонски веб платформи за е -трговија и договараат детали за пласирање на нивните производи.

– Веќе започнавме со примена на некои од насоките за уште поуспешно водење на нашиот бизнис, благодарение на кои ги бележиме и првите резултати во форма на подобрена комуникација на социјалните медиуми – вели Маја Чубриќ од охридскита агрикомпанија „Трек Ми“.

Во рамки на проектот, агро-производителите поминаа низ четири различни обуки за зајакнување на нивните дигитални вештини, меѓу кои: учење на основите, можностите и регулативите во е-трговијата, практични примери и совети поврзани со маркетинг на социјалните медиуми, запознавање со алатките за дигитален маркетинг за е-трговија и запознавање со условите за онлајн продажба кај различни е-трговци.

Софија Шутова, од агро-бизнисот „Сид оф лајф“ кој е дел од учесниците на овој проект, вели дека обуките донеле големи придобивки во нивното работење.

– Обуките беа пред сè многу практични и интерактивни. Предавачите имаа големо искуство во областа на онлајн продажбата и маркетингот, па можевме директно да поставуваме прашања и да учиме од нив. Конкретно мене најмногу ми користеа споделените алатки за креирање на привлечни содржини на социјалните медиуми и советите за креирање маркетинг стратегија – изјави таа.

 

Поврзани содржини