Агентот потврди: Меси има нов клуб, а тоа не е ПСЖ или Манчестер Сити
Како следни дестинации за Меси се спомнуваа ПСЖ и Манчестер Сити, но Интер е длабоко навлезен во приказната уште од моментот кога Аргентинецот соопшти дека купил стан во Милано.
Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Лионел Меси, вчера преку писмо ја извести Барселона дека сака прекин на договорот со клубот.
Еден ден подоцна, човекот кој го донесе Аргентинецот во Шпанија пред 20 години, Жозеп Мариа Мингуел, тврди дека следната дестинација на Меси е миланскиот гигант Интер, пренесува шпанскиот реноминиран весник „Ас“.
Како следни дестинации за Меси се спомнуваа ПСЖ и Манчестер Сити, но Интер е длабоко навлезен во приказната уште од моментот кога Аргентинецот соопшти дека купил стан во Милано.
– Меси има избрано нов клуб, а тоа е Интер. Во Италија фудбалерите плаќаат и помал данок, а таму игра и Кристијано Роналдо. Тешко ми е да го замислам Меси во Англија, без оглед на тоа што негови блиски пријатели се Серхио Агуеро и Пеп Гвардиола. Италија се обидува да го врати фудбалот на највисоко ниво. Барселона мора да се преиспита – изјавл Мингуел, кој со Барселона постигнал договор за тогаш 12-годишниот Меси.
Инаку, договорот на Меси со Барселона истекува следната година. Обештетувањето изнесува 700 милиони евра, но засега не е познато дали Аргентинецот ќе успее да си замине како слободен играч.