Агенција за храна и ветеринарство помеша баби и жаби, сендвичарницата самата се затворила
На лице место констатирано е дека објектот не работи, односно, по изјава на соседите, тој бил затворен од страна на самиот оператор уште во текот на вчерашниот ден. АХВ ги чека резултатите од лабораториските испитувања на земените мостри храна во рамки на инспекцискиот надзор спроведен уште во понеделникот врз основа на поднесени претставки од страна на потрошувачи кои се овој случај чија истрага е во тек, се вели во соопштението од АХВ.
Агенцијата за храна и ветеринарство, само неколку часа отако ја демантираше денешната изјава на дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, за „грубо пласирана и непроверена лажна вест за стотици затруени во скопска сендвичарница, и дека по кој знае кој пат, неаргументирано ја напаѓа за негрижа за јавното здравје работата на Агенцијата за храна и ветеринарство“, од АХВ предмалку стаса соопштение дека „АХВ доцна попладнево доби официјално известување од Центарот за јавно здравје – Скопје дека по добиени пријави и извршени епидемиолошки анкети, утврден е извор на зараза – сендвичарница ‘Гранд Бургер‘. Инспекциските служби на АХВ и на Државниот санитарен и здравствен инспекторат по добиеното известување се упатија кај операторот со храна за да извршат вонреден инспекциски надзор за утврдување на фактичката состојба кај овој оператор со храна и за одредување на мерки за сузбивање на појавата“.
Во меѓувреме, клуч на врата на сендвичарницата вчера ставил самиот газда.
„На лице место констатирано е дека објектот не работи, односно, по изјава на соседите, тој бил затворен од страна на самиот оператор уште во текот на вчерашниот ден. АХВ ги чека резултатите од лабораториските испитувања на земените мостри храна во рамки на инспекцискиот надзор спроведен уште во понеделникот врз основа на поднесени претставки од страна на потрошувачи кои се овој случај чија истрага е во тек“, се вели во соопштението од АХВ.
Во демантот на Трипуновски претходно, Агенцијата за храна соопшти:
„Со стари, излитени фрази за неконтролирање на безбедноста, увозот и трговијата со храна, предизборно и овојпат Трипуновски без факти се втурна во политиканство, грубо манипулирајќи со во овој момент најсветото за граѓаните – здравјето. Агенцијата за храна и ветеринарство е професионална и одговорна институција кон граѓаните, а тоа го потврдуваат бројките. Токму според нив а, не според Трипуновски, минатата година, ниту едно лице не завршило на болничко лекување како резултат на труење со храна. За тоа како Агенцијата работи сега, а како работела во минатите години кога е труењето со храна во прашање и кога со институцијата раководеа лица од неговата партија, доволен е податокот дека во 2017 година, само до 1 јули од затруените 246 лица дури 21 лице завршиле на болничко лекување. Последен евидентиран случај на хоспитализирано лице како последица на труење со храна, во земјава е евидентирано на 6 ноември 2018 година“, се вели во демантот.
Таму се додава и дека мешањето баби и жаби на надлежноста на државните институции не е непознато за Цветан Трипуновски.
„Мешањето баби и жаби за надлежноста на државните институции не е непознато за Цветан Трипуновски. И овој пат тој требаше да знае дека Агенцијата за храна и ветеринарство не е надлежна за евидентирање, пребројување и лекување на затруени лица со храна, туку исклучиво надлежна да врши контроли кај операторите со храна тогаш кога е добиено известување за труење од страна на здравствените власти“, соопштија во демантот од пред неколку часа.