Џафери предлага да се усвои дневниот ред со пакет мерките, Мицевски бара нова седница за нив
Пратениците го усвоија предлогот на Џафери, на што реагира координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.
На предлог на претседателот на Собранието Tалат Џафери парламентот изгласа за еден час да се одложи почетокот на седницата за пратенички прашања и претходно да се усвои дневниот ред на 36-та седница на која меѓуостанатото се и сетот пакет економски мерки. Ова ја револтира пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ кои бараат посебна седница за пакет мерките и го обвинија Џафери дека прави циркус од Собранието.
– Добивам секакви пораки на Фејсбук, дека работата на Собранието зависи само од мене дека јас сум тврдоглавиот кој заглавен во процедурите, дека јас условувам со седниците. Деловникот донесен во 2008 година дава надлежност на претесдателот да ги свика седниците, а одлуката за изгледот на дневниот ред е одлука на пленумот. Доколку пленумот одлучи, обврска ми е да ја спроведам таа одлука. Денес предлагам да не ја продолжиме седницата и да ја свикам 36 седница, да донесеме дневен ред и потоа да се прекине со 36-та седница и да се отвори пат да се оствари пораката по Фејсбук дека сите ќе ги исгласаат пакет мерките – рече Џафери.
Пратениците го усвоија предлогот на Џафери, на што реагира координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.
– Одговорете ми на циркузот што го правите во Собранието изминативе три дена дека нема можност да се свика седница за пакетот мерките, а денес закажувате седница. Врз основа на кој член од Деловникот ја прекинувате седницата и зошто сѐ уште се занимавате со политиканство, а не го прифаќате предлогот да оддржиме нова седниц и да го имате присуството на опозицијата. Ви кажавме дека мнозинството ви е на стаклени нозе и дека правите циркус од Собранието. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да правите кршење на Деловникот. ВМРО-ДПМНЕ нема да ви прави кворум на седниците без учество и консултации на опозицијата. Се однесувате како да имате 100 ане 62 пратеници.