Џафери: Ова е обид за пуч, Собранието ќе се собере по наредните избори

2,083

Претседателот на Собранието Талат Џафери вечерва во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 вели дека било кој друг начин освен по избори за заседавање на Собранието е обид за пуч.

Toj додава дека се правело притисок врз него за повторно свикување на пратениците и заседавање на парламентот.






– На 16-ти февруари секој пратеник гласаше за престанок на мандатот. По наредните избори ќе се собере Собранието – вели Џафери.

До Собранието, иницијатива за негово повторно свикување поднесоа пратеници од СДСМ, а на иницијативата не се приклучи ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини