АЕРОДРОМЦИ, ОСЛОБОДЕТЕ СЕ ОД ОТПАДОТ! Генералката ќе трае до крајот на септември
На 8. и 9. август (четврток и петок), кабаст отпад ќе се собира на големиот паркинг кај градинката „Калинка“ и на улицата Милан Зечар кај воените кули. Од 10. до 12. август (сабота, недела и понеделник) ќе бидат опфатени зградите на улицата „1615“ во близина на кулите Џевахир и кај „Меѓаши“ зад пунктот на ЈП „Паркови и зеленило“.
Повеќе од 100 кубни метри или околу девет тони кабаст отпад се собрани досега во бесплатната акција што Општина Аеродром ја започна минатиот месец, а ќе трае и во текот на август и септември на 40 пунктови на ниво на целата територија.
Акцијата што се спроведува во соработка со ЈП за комунални дејности на Општина Аеродром, досега се реализира во населбите Мичурин, Острово и во 13 Ноември, при што наиде на голем интерес кај аеродромци.
Денеска и утре (6. и 7. август) садовите за собирање кабаст отпад се поставени на големиот паркинг кај пензионерскиот дом „Аеродром“ и на улицата Коста Новаковиќ број 42, кај контејнерите.
На 8. и 9. август (четврток и петок), кабаст отпад ќе се собира на големиот паркинг кај градинката „Калинка“ и на улицата Милан Зечар кај воените кули.
Од 10. до 12. август (сабота, недела и понеделник) ќе бидат опфатени зградите на улицата „1615“ во близина на кулите Џевахир и кај „Меѓаши“ зад пунктот на ЈП „Паркови и зеленило“.
Акцијата продолжува според предвидената динамика, сѐ до нејзино целосно реализирање на ниво на целата територија, а граѓаните за сите детали можат да се информираат на следниот линк:
http://www.aerodrom.gov.mk/Upload/Editor_Upload/juli%202024/LOKACII%20I%20DATUMI.jpg
Паралелно со акцијата за собирање кабаст отпад, ЈП за комунални дејности на Општина Аеродром неодамна спроведе и реорганизација на начинот на чистење, при што темелно се метат и мијат јавните површини, се косат тревниците и се кастрат гранките од дрвјата.
Општина Аеродром повикува на совесно однесување, а доколку се забележи дека граѓани фрлаат кабаст и друг вид отпад на локации што не се наменети за тоа, ќе се применуваат најстроги казни. Со несовесното третирање на животната средина се создаваат лоши слики за општината и се нарушува квалитетот на животот на аеродромци.