Според завршените епидемиолошки анализи во моментов најмногу активни случаи на ковид-19 и натаму има во Скопје 598, потоа во Куманово 211, Тетово 170, Прилеп, 138, Гостивар 113, Струмица 108, Кочани 98.
Од скопските општини, со најмногу активни случаи е Аеродром 89, потоа Центар 81, Гази Баба и Карпош по 74, Чаир 62, Кисела Вода 57.
Како што објавивме претходно, во последните 24 часа се направени 1.368 тестирања, а регистрирани се 178 нови случаи на ковид-19, а четворица пациенти починале.