Адвокатот на Јанакиески бара да се намалат рочиштата: Миле има повеќе судења, отколку работни денови

413

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески има повеќе судења од работни денови, не може да ги следи сите рочишта во кои е обвинет, реагира денеска адвокатот Еленко Миланов, откако рочиштето за организаторите на настаните од 27 април беше закажано еден час подоцна, затоа што Јанакиески мораше да присуствува на друго судење, односно на рочиште за предметот „Траекторија“.

Одбраната на Јанакиески од судечкиот совет побара да му се редуцираат рочиштата, бидејќи се случува да има по неколку на ден.






Според судијата во предметот за организаторите на 27 април Илија Трпков, Законот за кривична постапка не познава редуцирање на рочишта, но најави дека ќе  биде во координација со другите судии кога ќе се закажуваат судењата.

Поврзани содржини