📽️ 📷 АДРЕНАЛИНСКО РАФТИНГ ДОЖИВУВАЊЕ КОЕ ЌЕ ВЕ ОСТАВИ БЕЗ ЗБОРОВИ! Се возевме со џип покрај кањонот Копрулу во Анталија, па се спуштивме со чамец
Секој пат кога одиме во Турција, откриваме нешто ново и неверојатно. Овој пат е време да му се восхитуваме на кањонот Копрулу, една од најбараните екскурзии во Анталија.
Турција е извонредна, разновидна и многу убава земја. Нејзината природа плени со бескрајни морски плажи, диви заливи, чудесни шуми, високи недостапни планини, пејзажи кои ве оставаат без збор. Секој пат кога одиме во оваа прекрасна земја, откриваме нешто ново и неверојатно. Овој пат е време да му се восхитуваме на кањонот Копрулу, една од најбараните екскурзии на „Фибула“ во Анталија, нашиот домаќин на медиумската инфо-тура низ целата област.
Уште од самото пристигнување во Анталија, целата група зборуваше за сафарито и рафтингот, комбинирана тура на кањонот Копрулу и со нетрпение го чекавме денот кога ќе ја имаме оваа авантура, бидејќи сите сакавме да почувствуваме малку возбуда.
Турата започнува во базата на тимот Посејдон, нашите домаќини на ова лудо доживување. Веднаш по пристигнувањето бевме понудени со пијалаци, а потоа отидовме да се облечеме, бидејќи безбедноста на секој посетител е на прво место. Искусните водичи пред почетокот на турата за секој ќе избере соодветно одело, елек за спасување, кацига и гумени обувки.
По брифингот, со специјалните возила навлеговме во тесните патишта и ги видовме најубавите места на Националниот парк. Ова искуство траеше околу 1,5 час, а адреналинот нѐ облеа по целото тело.
Иако на моменти можеби ќе почувствувате страв од брзото возење, но едноставно им верувате на возачите, а специјално приспособените возила ви влеваат дополнителна сигурност. Потоа одите веднаш до највисоката точка на кањонот, најживописното место на врвот, од каде што се гледа незаборавниот поглед и добивате едноставно нереални прекрасни фотографии.
Наскоро стигнавме на едно живописно место. Тука, помеѓу стрмните карпи на кањонот Копрулу стои древниот камен мост „Oluk Köprüsü“, изграден од Римјаните во вториот век од нашата ера. Добро е сочуван до ден-денес и лесно може да ги издржи патничките автомобили.
Оттаму ве носат до местото каде што започнува возбудливиот рафтинг со сплавови на надувување, каде за 14 километри рафтинг ќе ги надминете планинските брзаци, ќе пливате (по желба) во планинска река и ќе добиете дополнителен излив на енергија и светли емоции од најнезаборавната екскурзија во регионот!
Природата на кањонот беше навистина импресивна. Сплавот се лизгаше по тиркизните води на реката, покриени со стрмни карпи покриени со светло зелени борови шуми. Огромни чинари, облечени во шарени пролетни комбинации, кои висеа над чистата, проѕирна река. Веднаш од камењата излегоа мали живописни водопади и извори кои ја хранеа реката.
Првите и можеби најстрмните брзаци нè чекаа напред! Нашиот чамец дури беше покриен со бран – чувството беше едноставно одлично. Насмевките на сите лица станаа уште пошироки.
Рафтингот бара добра физичка подготовка, особено за битката со брзаците, но ова искуство може да го вкусат и оние не толку подготвените. Во текот на спуштањето целото тело работи, мускулите се напнати, а срцето брзо чука. За некои, идејата да се најдат во бурни води е застрашувачка. Сепак, ова е можност да се надмине стравот и да се почувствува адреналинот, но чувството на победа и еуфорија е незаборавно.
Водичот постојано ви дава инструкции како да полесно да ја совладате брзата вода, а притоа и се грижеше за безбедноста за сите во чамецот! Кристално чистата вода, која со сигурност можете и да се напиете од неа, беше премногу студена. Сепак, поради крвта која врие во вас не ја чувствувате, а слободно можете да се искапете. Сите заедно се потпреа на веслата, а потоа се одмораа, верувајќи во водата и не ѝ се мешаа да го носи сплавот на наједноставен начин.
По речиси 2 часа битка со брзата вода, дојде крајот на оваа возбудлива авантура. Кога излегувате од сплавот тешко дека ќе видите некој кој нема широка насмевка на лицето, но и жалење дека ова лудо возење заврши.
По завршувањето на рафтингот, со сафари џипови се враќате во базата каде што претходно ја добивте опремата. Прекрасните домаќини ќе ве пречекаат со вкусен ручек кој го приготвиле на самото место. Додека ручате на видео-бим го гледате видеото и фотографиите од самиот почеток до крајот на оваа авантура, а сето тоа е фатено со објективите на домаќините.
На крај, во оваа тура, не само што ќе го откриете неверојатниот кањон Копрулу, туку и ќе ги достигнете кулминирачките искуства на рафтинг и сафари со џип! И ова е веќе потврдено – најомилените екскурзии по целиот брег на Анталија! Ќе поминете прекрасен, неверојатен и незаборавен ден!