НЕКРОЛОГ НА ХИТЛЕР ЗАЛЕПЕН НА СИНАГОГА ВО СОФИЈА „Вакви вандализми се случуваат секоја година“
Излегува дека вакви вандалски акти се случуваат секоја година, вели тој, вели Максим Делчев, претседател на централниот израелски духовен совет во Бугарија.
Непознати млади лица залепиле некролог со ликот на Адолф Хитлер и кукасти крстови на зградата на синагогата во Софија во моментот кога внатре се одржувала молитва, јави БТВ. Еврејската заедница во Бугарија е револтирана поради говорот на омраза.
Максим Делчев, претседател на централниот израелски духовен совет во Бугарија за бугарските медиуми изјави:
– На денот кога ја славиме саботата во јудаизмот – околу 5 часот, младите го залепија ова парче хартија на вратата. На прв поглед може да изгледа прилично ситно, како смешна шега, но всушност она што го гледаме е сосема јасно организирана акција на луѓе кои ставиле маски.
Излегува дека вакви вандалски акти се случуваат секоја година, вели тој.
– Претходно имаше луѓе кои фрлаат камења по синагогата, пред една година беа исцртани свастики. За жал, досега нема процесуирано ниту еден случај на тема антисемитизам – објасни Делчев.
Според обвинителството во Софија, делото може да има антисемитски мотив, иако велат од еврејската заедница, тешко е да се идентификуваат сторителите.
– Имаме еден случај кога сторителот е фатен и изведен на суд за непристојно однесување -објасни тој.