Популарната пејачка Емина Јаховиќ неодамна се најде на мета на скандал во Турција откако локалните медиуми напишаа дека таа одбила да ја плати сметката за дополнителни услуги што ги користела во хотел во одморалиштето Гоџек, пренесуваат српските медиуми.
Според турските медиуми, вработен во луксузното одморалиште каде престојувала Емина рекол дека пејачката не ги подмирила долговите кон хотелот, во кој со години летува со своето семејство.
– Како и секоја година, Емина е на одмор со семејството од Србија во популарно летно одморалиште во Гоџек. Овој пат, Емина пристигна на одмор на крајот на летото, останаа таму неколку дена, уживаа во морето и сонцето и во сè што пружа летниот одмор, Сепак, оваа година ситуацијата не беше како сите претходни бидејќи на крајот на одморот Емина ги доведе во комплицирана ситуација сите вработени во хотелот – изјавил за турските медиуми извор од хотелот.
– Јадеа, пиеја, а ништо не платија. Тие дури не им оставија ниту бакшиш на работниците во хотелот. Вработените во хотелот „трчаа“ по Емина за да ја наплатат сметката и имавме многу проблеми со тоа – изјавил еден од вработените во хотелот.
Но, наводно тука не завршила приказната. Наместо тоа, по завршувањето на оваа приказна, пејачката се обрати до прекршочниот суд во Турција со барање да ја забрани веста „затоа што е понижувачка и ја нарушува нејзината репутација“, наведоа турските медиуми.
Нејзиниот тим истакна дека ништо од горенаведеното не е точно и дека станува збор за приказни што се поврзани со разводот на пејачката со Мустафа Сандал и дека нема никаква врска со целата оваа приказна што ја објавуваат турските медиуми.
– Тоа е чиста глупост. Тоа е чиста таблоидна приказна и сите знаат дека Емина е сосема спротивна на напишаното, пред сè, е дарежлива и сè е измислено – рекле од ПР-службата на Емина Јаховиќ.