АДЕЛ ОСЛАБНА 45 КИЛОГРАМИ И покрај борбата со вишокот, не може да се откаже од ова (ВИДЕО)
Пејачката во последните две години ослабе 45 килограми, но и понатаму тврди: „Само затоа што ослабев не значи дека не знам каде добро се јаде. Не гладувам!“
Во последните неколку дена, откако нејзиниот нов сингл конечно го виде светлото на денот по петгодишна музичка пауза, јавноста не престана да зборува за британската пејачка Адел, а таа им дава материјал со своите изјави.
Нејзината љубов кон храната е одамна позната, a покрај долгогодишната борба со вишокот килограми, Адел признава дека се уште јаде во „Мекдоналдс“ барем еднаш неделно, како и дека подготвува неверојатни зачинети тестенини.
Пејачката во последните две години ослабе 45 килограми, но и понатаму тврди: „Само затоа што ослабев не значи дека не знам каде добро се јаде. Не гладувам!“
Токму за исхраната Адел снимила видео за списанието „Вог“, во кое била подложена на тестирање на храната, односно погодување на истата додека имала превез на очите.
– Последен пат јадев Мекчикен нугет со Бигмек и помфрит. Тоа беше мојот редослед низ три јадења и тоа го јадам барем еднаш неделно – открила Адел, додавајќи дека нејзиното омилено британско јадење и понатаму е печено, кое одлично го подготвува секоја недела, бидејќи тоа е омиленото јадење на нејзиниот син.
Во таа прилика, таа се присетила како во своите помлади денови работела во ресторан за брза храна во Тотенхем. Денес, таа е многу благодарна на својот сонародник Џејми Оливер, благодарение на кого научила да готви.
– Имав околу 18 години и живеев сама. Првите два месеца само нарачував храна, а потоа сфатив дека трошам премногу за тоа. Ја добив книгата за готвење на Џејми Оливер за приготвување јадења за 30 минути и ги научив основите. Денес правам зачинети тестенини за прстите да ги излижеш! – рекла Адел.
ФОТО: Инстаграм