АБАЗОВИЌ СПОМНА ДЕКА ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО КУРТИ ВО СКОПЈЕ „Нема логика Косово да биде надвор од Отворен Балкан“

Во однос на Отворен Балкан Абазовиќ вели дека нема никаква логика Косово да биде надвор од оваа иницијатива.

331

Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ во интервју за Еј-Би-Си Њуз откри дека утре во Скопје ќе се сретне со својот косовски колега, Албин Курти. Тој изјави дека меѓу темите на разговор ќе бидат последните случувања на Балканот и француско-германскиот предлог.

Во однос на иницијативата „Отворен Балкан” тој вели дека „нема никаква логика Косово да биде надвор од оваа иницијатива”.






Абазовиќ го оцени односот со Курти како пријателски и коректен.

Премиерот  на Црна Гора вчера се сретна со албанскиот предмиер Еди Рама каде што предложил следниот неформален самит на Отворен Балкан да се одржи во неговата земја. И Рама и Абазовиќ изразија поддршка за француско-германскиот предлог за Косово.

Во однос на домашната политика, Абазовиќ вели дека не ги поддржува идеите на претседателот Мило Ѓукановиќ.

– Тој е против иницијативи кои се прогресивни. Јас не сум поддржувач на таа политика, јас сум поддржувач на помирувачки и космополитски политики. Вака ја гледам иднината. Тие политичари си ги сменија сопствените принципи, а јас не ги сменив – изјави Абазовиќ.

Тој не ја исклучува можноста за соработка со Ѓукановиќ, но за тоа рече дека постојат некои услови за кои не може да се преговара.

– Секој кој ќе ја поддржи европската агенда, евроинтеграциите, концептот на политика и најдобрите можни односи во регионот е добредојден. А оној кој ќе го заштитува само сопственото богатство, кој ќе создава конфликти, тој не може да биде дел од политиката што јас ја презентирам. Доколку Ѓукановиќ е подготвен да се врати во оваа насока, тој е добредојден – додаде Абазовиќ.

ВУЧИЌ И КУРТИ ЌЕ СЕ ДОГОВАРААТ ВО МАКЕДОНИЈА „Тој не беше спремен да прифати…“

 

Поврзани содржини