„A ЗОШТО Ѝ ДАДОВТЕ ПРОТИВПОЖАРНА ОПРЕМА НА УКРАИНА?“ Синот на Трамп удри по властите во Калифорнија

Трамп Џуниор ги обвинува властите во Лос Анџелес дека кубурат со пожарникарска опрема и вели дека неговиот татко бил во право кога во гостување кај познатиот шоумен Џо Роган изјавил дека државата Калифорнија одбива да изгради резервоари за вода и да управува со своите шуми за да спречи шумски пожари.

1,037

Доналд Трамп Џуниор, синот на новоизбраниот американски претседател, на својот профил на Икс го коментира страшниот пожар кој го зафати Лос Анџелес. Споделувајќи фотографии од наслови на медиуми тој тврди дека противпожарната управа на Лос Анџелес ѝ донирала дел од својата опрема на Украина.

„Еве видете, па секако дека противпожарната управа на Лос Анџелес ѝ донирала дел од своите залихи на Украина“, обвини тој.






Неговите наводи не се потврдени. Локалните медиуми во Калифорнија пишуваа дека пожарникарските служби имаат проблем поради силните ветрови од 60 метри на час кои постојано ги разгоруваат огновите, а дека главен проблем претставува постојаниот дотур на вода.

Тие не спомнаа дека имаат каков било проблем со недостиг на опрема.

 

Меѓу другите коментари на Икс, синот на Трамп исто така сподели линк од интервју на неговиот татко кој гостува кај познатиот шоумен и поткастер Џо Роган. Во интервјуто од пред три месеци Трамп зборува дека Калифорнија одбива да изгради резервоари за вода и да управува со своите шуми за да спречи шумски пожари.

„Колку пати татко ми мора да биде во право за вакви работи пред демократите да направат нешто? Ако потрошат половина од времето за да ги поправат проблемите отколку што трошат обидувајќи се да го исмеат, овие прашања немаше да постојат“, коментира Трамп Џуниор.

Медиумите денеска се преплавени и од веста дека самиот Џо Роган во посебна емисија минатиот јули зборувал за тоа како пожарникар го предупредил познатиот шоумен дека „ако ветрот дува во погрешна насока, Лос Анџелес ќе изгори и нема да можеме да направиме ништо за тоа“.

 

Поврзани содржини