ЈА УДРИЛ СО АВТОМОБИЛ И ЈА ОСТАВИЛ НА ПАТОТ Тешко повредена малолетничка кај Батинци, полицијата го бара возачот

Повреденото девојче било префрлено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

612

Тринаесетгодишно девојче од скопското село Црн Врв било тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила на 19 мај, околу 9 часот на сервисната улица што го поврзува регионалниот пат Скопје – ХЕЦ Козјак со селото Батинци. Како што соопштија од МВР, возач на патничко возило удрил во малолетничката и без да ѝ помогне – го напуштил местото на несреќата.

Повреденото девојче било префрлено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.






„Извршен е увид од страна на екипа од СВР Скопје, и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот кој по несреќата избегал“, наведуваат од полицијата.

Случајот е пријавен вчера во СВР Скопје, а истрагата е во тек.

Поврзани содржини