Ја убил сопругата бидејќи го замолила да се отсели затоа што има коронавирус

1,046

Хусеин Егал (65) е обвинет дека на 6 април во нивниот стан во Едмонтон, северниот дел на Лондон, ја претепал со тежок предмет 57-годишната Маријан Исмаил, за време на самоизолација поради коронавирусот.

Според записите од судскиот процес во градскиот суд во Лондон, загрижените соседи ја контактирале  полицијата по 18 часот истата вечер. Кога полицајците пристигнале на местото на настанот, ја нашле мртва Маријан Исмаил и увиделе дека таа претрпела повеќе тешки повреди, пишува британски „Сан“.






– Кога полицијата пристигнала во станот на осомничениот, ја пронајдоа неговата сопруга. Таа била мртва веќе извесно време, а се здобила со тешки повреди. Обвинетиот изјавил дека неговата сопруга барала од него да се отсели, бидејќи е заболен од коронавирус –  рекол обвинителот Џонатан Полнеј.

Хусеин Егал е обвинет за убиство. Одреден му е притвор до продолжувањето на судењето на 14 јуни.

 

 

Поврзани содржини