А ТИЕ СЕ ОНИЕ КОИ СЕЧАТ КАБЛИ ПО ЦЕЛ СВЕТ? Тајната единица „29155“ ја основал Путин од агенти на КГБ
Ден по експлозијата на мостот на Крим, германските возови сопреа. Два дена подоцна, данскиот остров Борнхол пропадна во мрак. Беше исечен подводен кабел кој ја поврзува Данска со Шведска. Истиот месец, октомври, во Франција беа прекинати интернет-каблите на три локации. Тоа се кабли кои го поврзуваат Марсеј со Лион, Барселона и со Милано.
Сечење на кабли и цели мрежи низ Европа наводно врши тајна служба под кодното име 29155 која Владимир Путин лично ја основал уште во 2009 година, сугерираат бројни анализи во западните медиуми. Околу 200 луѓе, поранешни КГБ-агенти направиле успешни диверзии вклучувајќи и стопирање на возовите во Германија, ден откако беше погоден Кримскиот мост, па сè до сечење подводни кабли за интернет кои поврзуваат цели континенти, пишува Ал Џезира.
Можно ли е оваа група да има поврзаност и со саботажата на гасоводот Северен тек од минатиот септември? Според професорот Џозеф Фицанакис, експерт за безбедност од Универзитетот во Каролина, би било крајно изненадувачки групата да не била вклучена во операциите на Крим од 2014 година, иако постои уште од времето на СССР. Тој вели дека веројатно тие се вклучени и денес:
– Со оглед на нејзината мисија и силното досие на активност во пресрет на украинската војна, нема сомнеж дека единицата 29155 е силно вклучена во руските хибридни операции денес – вели тој.
Според БизнисИнсајдер 29155 се осомничени за три убиства или обиди за атентат низ Европа, плус обид за државен удар во Црна Гора во 2016 година, а познати се и како ГРУ, наследници на КГБ. Тука е труењето на Сергеј Скрипал во Велика Британија, но и на бугарски трговец со оружје од 2015 година.
Отсечени Германија, Данска, Шведска, Франција…
Во случајот со Германија, оваа група исекла кабли за комуникација меѓу машиновозачите, само ден по бомбардирањето на мостот во Керченскиот теснец во Крим.
– Јасно е дека ова беше насочена и злонамерна акција – изјави тогаш германскиот министер за транспорт, Волкер Визинг, на прес-конференција, но не кажа кој би можел да биде одговорен.
Два дена подоцна, данскиот остров Борнхол пропадна во мрак. Беше исечен подводен кабел кој ја поврзува Данска со Шведска. Истиот месец, октомври, во Франција беа прекинати интернет-каблите на три локации. Тоа се кабли кои го поврзуваат Марсеј со Лион, Барселона и со Милано.
Според безбедносната компанија ZScaler тоа „погодило на главните кабли што ги поврзуваат Азија, Европа, САД и потенцијално други делови од светот“.
Тој октомври норвешките домашни безбедносни власти соопштија дека истражуваат сомнителни прелети на беспилотни летала во близина на аеродромите и енергетската инфраструктура, а во декември Литванија пријави зголемување на неовластени летови со беспилотни летала над воени локации.
Всушност, наместо кибер-напади Москва како повеќе да се концентрира на делот со хардверот.
@RussianEmbassy In case you’ve forgotten who all these people are, here’s the photos of the head of the institute and the members of Unit 29155 he was calling ahead of the Skripal poisonings. pic.twitter.com/RtqLReLf0b
— Eliot Higgins (@EliotHiggins) March 4, 2023
Цел интернет во светот го држат 200 подводни системи?
Лани началникот на штабот за одбрана на Велика Британија, Тони Радакин предупреди на зголемена активност на руските подморници во близина на каблите за податоци низ целиот свет.
Во меѓувреме, Александар Даунер, поранешен министер за надворешни работи на Австралија, напиша во „The Spectator “дека 95 отсто од интернет-сообраќајот во светот минува низ само 200 подводни системи за кабли со оптички влакна.
– Се проценува дека има само 10 глобални центри каде што овие кабли се поврзуваат или излегуваат на брегот. Ако сакате да ја отсечете Британија од светот, нема да биде тешко да ги саботирате тие точки – напиша тој.
Европските земји сега купуваат свои подводни возила кои се без екипаж за да следат што се случува со каблите.
Агентите во Русија се далеку поуспешни од војниците
Агентите во Русија се поуспешни од самата војска, вели извештај на водечка невладина организација во Велика Британија, пишува Би-Би-Си. Руските шпионски агенции почнаа да се подготвуваат за инвазија на Украина уште во јуни 2021 година, се вели во извештајот на Кралскиот институт за Обединети услуги.
Истражувачите велат дека ФСБ успеала да преземе владини компјутерски хард дискови за да ги идентификува поединците кои го поддржуваат Киев. Агентите доминирале со населението во окупираните градови, сугерира анализата.
Се смета дека ФСБ принудила околу 800 Украинци да работат на нејзина страна. Дел од целите се и електронско отсекување на Украина од светот.
Според извештајот, шефот на руското надворешно разузнавање, СВР, му рекол на претседателот Владимир Путин дека на службите им треба повеќе време да се подготват и побарал окупацијата да се одложи.
Неговото барање било одбиено. Потоа, почна војната во Украина.