ЈА ТЕПАЛ И НЕ Ѝ ДАВАЛ ДА ИЗЛЕЗЕ ОД ДОМА Скопјанец приведен по трето пријавување за семејно насилство
Основното јавно обвинителство Скопје побара притвор за него и поднесе обвинение за кое постои основано сомнение дека сторило продолжени кривични дела „противправно лишување од слобода“ и „телесна повреда“.
Приведен е скопјанецот М.Т.(41) поради физички напади и загрозување на сигурноста на три жени. Основното јавно обвинителство Скопје побара притвор за него и поднесе обвинение за кое постои основано сомнение дека сторило продолжени кривични дела „противправно лишување од слобода“ и „телесна повреда“.
МВР информира дека вчера, во 17.25 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Т.(41) од Скопје поради физички напади и загрозување на сигурноста.
– Првото кривично дело пријавениот го сторил на 29.11.2020 на подрачјето на Центар, при што физички ја нападнал неговата 40-годишна тогашна партнерка од Скопје. Второто кривично дело го извршил на 24.07.2021 на подрачјето на Карпош упатувајќи закани по животот на 42-годишна жена од Скопје. Третото кривично дело пријавениот го извршил на 09.03.2022 на подрачјето на Центар така што физички ја нападнал неговата 34-годишна партнерка од Скопје нанесувајќи ѝ повреди, а упатувал и закани по нејзиниот живот – известуваат од МВР.
Според Обвинителството, скопјанецот во периодот од 10.10.2021 година до 12.03.2022 година, при вршење семејно насилство, во два наврати ѝ ја ограничил слободата на движење и телесно ја повредил оштетената со која живеел во вонбрачна заедница. Физички ја напаѓал оштетената, удирајќи ја со тупаници по главата и телото и нанесувајќи ѝ телесни повреди, а потоа ѝ забранувал со денови да го напушта заедничкиот дом.