ЈА ТЕПАЛ ЌЕРКАТА И Ѝ СЕ ЗАКАНИЛ НА СОПРУГАТА ДЕКА ЌЕ ГИ ЗАПАЛИ Тетовец осомничен за семејно насилство и измама

Инцидентот се случил откако во домот дошле лица кои барале да им бидат вратени 200 евра дадени за наводно лекување на девојчето.

0

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 50-годишен маж, осомничен дека при семејно насилство сериозно им се заканувал на сопругата и ќерката, а притоа ги прекршил и претходно изречените мерки за заштита од семејно насилство.

Според Обвинителството, инцидентот се случил на 14 август, кога во домот на семејството дошле лица кои барале од осомничениот да им ги врати 200-те евра што му ги дале за наводно лекување и дијализа на неговата ќерка.






Во тој момент сопругата на осомничениот признала дека тој ги измамил и најавила дека ќе повика полиција.

Тогаш, според обвинителските наводи, 50-годишникот започнал да ја удира ќерката, а на сопругата и девојчето им се заканувал дека ќе ги запали доколку полицијата го приведе.

Со заканите и насилството, според Обвинителството, кај двете жртви предизвикал страв и чувство дека нивните животи се загрозени.

Дополнително, осомничениот ги прекршил и мерките за заштита од семејно насилство што претходно му биле изречени од Основниот суд во Тетово.

Обвинителството побарало од судот да му биде определен притвор.

Поврзани содржини