ЈА СПОДЕЛУВАМ ОГРОМНАТА ТАГА Црногорскиот премиер Кривокапиќ испрати порака со сочувство
Затекнат сум од трагичната вест дека недалеку од Софија се случи тешка сообраќајна несреќа во која загинаа најмалку 46 лица, главно граѓани на Северна Македонија. Споделувам неизмерна тага со премиерите и сите граѓани на двете пријателски земји, напиша Кривокапиќ на Твитер.
Премиерот на Црна Гора Здравко Кривокапиќ денеска изјави дека споделува огромна тага со премиерите и граѓаните на Северна Македонија и Бугарија поради автобуската несреќа кај Софија во која загинаа 46 лица, главно патници од Северна Македонија.
– Затекнат сум од трагичната вест дека недалеку од Софија се случи тешка сообраќајна несреќа во која загинаа најмалку 46 лица, главно граѓани на Северна Македонија. Споделувам неизмерна тага со премиерите и сите граѓани на двете пријателски земји – напиша Кривокапиќ на Твитер.
Најмалку 46 лица, повеќето од Северна Македонија, загинаа откако се запали автобус на автопат во западниот дел на Бугарија.