ЈА СИЛУВАЛ ОСУМ ЧАСА ПА ЈА ПОЛИЛ СО КИСЕЛИНА Манекенката доживеала најстрашен хорор (ФОТО)
Кејти Пајпер била мис и модел на врвот на нејзината кариера кога нејзиното момче најмило професионалец да ја полие со киселина.
Кејти Пајпер била мис и модел на врвот на нејзината кариера кога нејзиното момче најмило професионалец да ја полие со киселина.
View this post on Instagram
Таа денес гласно зборува за она што го доживеала за да им помогне на жените кои биле жртви на некаков облик на насилство.
Таа 2008 година, Кејти имала сè за што сонувала – била на врвот на кариерата, ја освоила титулата Мис Винчестер, работела како водителка и манекенка, заработувајќи многу пари… а потоа, во еден момент, се ѝ одзел оној во кој најмногу верувала.
Нејзиното тогашно момче Даниел Линч во напад на љубомора ангажирал професионалец кој врз Кејти истурил сулфурна киселина, а по овој монструозен чин кожата на лицето ѝ била целосно стопена, коските ѝ биле оштетени, го изгубила видот на едното око, а повредени ѝ биле и делови од раката.
Сепак, тоа не било сѐ. Даниел ја силувал и малтретирал дури осум часа непосредно пред страшниот настан. Киселината била само „крајот на неговата одмазда“.
Колку бил брутален нападот сведочи и видеото кое и ден-денеска може да се најде на Јутјуб.
Напаѓачот мирно се движел по улицата, додека не наишол на Кејти, а потоа ја посипал со киселина. Во агонија девојката истрчала до првото кафуле каде што гостите истрчале да и помогнат.
Повредите биле морничави, а за состојбата на Пајпер сведочат и фотографиите направени околу една година по инцидентот, кои можете да ги погледнете подолу.
Досега имала околу 400 операции, а последната по ред била неодамна кога и била извршена трансплантација на кожа на десниот очен капак. За среќа, успешно.
Кејти уште еднаш докажала дека е роден борец и дека нејзиниот живот допрва започнува.
Првиот пат кога сфатила дека мора да стане и да зборува е речиси 2. години по ужасниот инцидент. Откако се сокрила од луѓето и паничниот страв од мажите, таа сфатила дека мора да ја врати контролата, а еден од начините било јавно да зборува за се и да им помогне на другите жени кои преживеале некаков облик на насилство.
View this post on Instagram
„Се сеќавам на времето кога не сакав да видам никого, ниту сакав некој да ме види. Се сеќавам колку се плашев од луѓето, особено од мажите. Се плашев од целиот свет. Се сеќавам дека тогаш разговор за оваа траума беше невозможна мисија“, рекла таа.
Многу ѝ помогнало тоа што набргу по нападот полицијата успеала да го лоцира, а потоа да го осуди на доживотен затвор.
Денес, Кејти е инфлуенсер, радио водителка и ТВ-личност и своите платформи ги користи за да им помогне на сите коишто поминале низ нешто слично. Поради нејзиниот позитивен став, таа ги освоила срцата на луѓето ширум светот. За своето трагично искуство напишала три книги, а во 2011 година била прогласена за жена на годината.
Иако мислела дека никогаш повеќе нема да може да му верува на еден маж, Ричард Џејмс Сатон бил упорен во тоа да ја освои, а парот го изговорил судбоносното „да“ на тајната венчавка во декември 2017 година.
Во меѓувреме добиле и две деца, две ќерки, Бел Елизабет и Пенелопе Дијана, а како што вели, кога ќе бидат доволно големи ќе им ја раскаже целата приказна.
Досега имала околу 400 интервенции, од кои околу 250 се операции, а денес, слободно можеме да кажеме, изгледа сосема неверојатно.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм