ЈА СИЛУВАЛ, ЈА СНИМАЛ И ЈА УЦЕНУВАЛ Монструозен напад во Скопје, ѝ држел нож под грло и ја принудувал
Жртвата пријавила напад и уцена, Обвинителството веднаш постапи и поднесе обвинение против сторителот кој заканите ги поткрепувал со нож.
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно лице за извршување на полов напад и силување, како и за уцена, објави Обвинителството.
Според истрагата, на 3 декември обвинетиот спротивно на волјата на жртвата, со примена на сила и закана со нож, ја присилил жената да влезе во изнајмен апартман и се обидел да ја принуди на сексуални односи. Во текот на нападот, тој ја повредил со нож на левата нога и слабината, а заканите ги повторувал и преку телефон, предупредувајќи дека ќе ја заколе и ќе објави приватни снимки доколку не му даде пари.
„Жртвата веднаш пријави, а следниот ден беше извршено примопредавање на обележаните банкноти. По акцијата обвинетиот беше лишен од слобода“, соопшти Обвинителството.
Обвинителството потенцира дека, поради постоење на опасност од бегство и можност да го повтори делото, поднело и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор.
„Обезбедивме докази кои ја потврдуваат сериозноста на делото, а јавноста мора да знае дека сторителот ќе одговара за стореното насилство и уцената“, изјавија од Основното јавно обвинителство Скопје.