„ЈА ПРИЗНАВАМЕ ЦРКВАТА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“ Чешката црква за автокефалноста на МПЦ-ОА

Во објавата на Синодот се вели дека биле информирани за писмата на вселенскиот патријарх Вартоломеј и исмата на српскиот патријарх Порфирије.

212

Светиот синод на православната Црква на Чешката Репубика и Словачка одлучи да ја признае автокефалноста на „Православната црква на Северна Македонија“, објави порталот „Ортодокстајмс“.

Во објавата на Синодот се вели дека „биле информирани за писмата на вселенскиот патријарх Вартоломеј за обновувањето на евхаристичката заедница со епархиите на Северна Македонија, како и за писмата на српскиот патријарх Порфирије за реинтеграција на Црквата во Северна Македонија во канонската структура на Православната црква на Србија и за давање автокефалност на Православната црква во Северна Македонија со Томосот на 20 мај 2022 година“.






Претходно на сличен начин и Романската православна црква ја призна автокефалноста на МПЦ-ОА.

Поврзани содржини