ЈА ПРИСИЛИЛ НА СЕКС, ЈА СНИМАЛ, ПА ЈА УЦЕНУВАЛ Маж од Неготино уапсен во скопски Аеродром

Р.М.(29) од Неготино бил приведен откако го пријавила 41-годишна скопјанка.

1

Маж од Неготино е уапсен ноќеска под сомнение дека присилил жена од Скопје на полови дејствија, ја снимал за време на чинот и потоа ја уценувал со видеоматеријалот, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од МВР, Р.М.(29) од Неготино бил приведен околу 1 часот по полноќ, на подрачјето на општина Аеродром, откако 41-годишна скопјанка пријавила дека на 2 декември, во стан во Центар, ја присилил на полови дејствија и истовремено ја снимал со мобилен телефон.

По настанот, осомничениот ѝ упатувал закани и барал пари за да не го објави видеото на социјалните мрежи.






МВР информира дека по целосното документирање на случајот против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Поврзани содржини