ЈА ПОГОДИЛ ЗАЛУТАН КУРШУМ ДОДЕКА РАБОТЕЛА НА НИВА? Жена од Сарај ранета во ногата

На Н.А. ѝ била укажана лекарска помош во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

136

МВР известува дека вчера кај нив стигнала пријава од жена која додека работела на нива ја погодил куршум во ногата.

„На 17.03.2024 околу 11.40 часот во Полициското одделение Сарај, Н.А.(49) од село Сарај пријавила дека, додека работела на нива во село Сарај, се здобила со повреда во ногата од залутано зрно. На Н.А. ѝ била укажана лекарска помош во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ – се вели во билтенот на МВР.

 

Поврзани содржини