АЈ, ОД ЧЕТВРТИ ПАТ ЌЕ ПОГОДАТ! Османи негира дека се сретнал со Груевски

За наводна средба со Груевски Османи вчера јавно беше прашан од Изет Меџити, лидерот на новоформираната партија во албанскиот опозициски блок – Демократско движење.

377

Шефот на македонската дипломатија и потпретседател на ДУИ Бујар Османи демантира дека се сретнал со експремиерот и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, сега во Будимпешта.

Османи го објави демантот на својот личен фејсбук-профил, откако за наводна средба со Груевски вчера јавно беше прашан од лидерот на новоформираната партија во албанскиот опозициски блок – Демократско движење Изет Меџити.






„Јавно прашање за Бујар Османи: дали беше на службена или приватна посета во Будимпешта кога се сретна со Никола Груевски?“ – напиша Меџити на Фејсбук.

Неколку часа подоцна со демант се јави Османи.

„Еднаш рекоа дека се сретнал со Али Ахмети, па рекоа – не, се сретнал со Артан Груби, сега јас сум се сретнал со него! Можеби од четврти пат ќе погодат!“, напиша Османи на Фејсбук.

Тврдењата за наводни средби ги демантираше и поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во повеќе постови на социјалната мрежа.

Експремиерот додаде дека сите наводи за негови наводни комуникации и средби или, пак, влијанија на актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, се онолку неточни колку и, како што вели, наводите дека во изминатиот период имал средби со претставници на власта во врска со одредени прашања.

 

Поврзани содржини