АЈНШТАЈН ЈА НАПИШАЛ ТАЈНАТА НА СРЕЌАТА ВО 17 ЗБОРОВИ Подобро скромност, отколку потрага по успех

„Спокојниот и скромен живот носи повеќе среќа отколку потрагата по успех во комбинација со постојан немир“, напишал Ајнштајн, а белешката беше продадена за 1,8 милиони долари во 2017 година.

578

„Спокојниот и скромен живот носи повеќе среќа отколку потрагата по успех во комбинација со постојан немир“.

Вака напишал познатиот физичар Алберт Ајнштајн во своја белешка во 1922 која беше продадена за 1,8 милиони долари во 2017 година, пишува TheHill. Белешката заедно со други листови завршила кај еден хотелски консиерж во Јапонија на кого Ајнштајн му ги подарил кога престојувал таму за да одржи предавања. Тој тогаш само што ја имал добиено Нобеловата награда.

 






Чудно е како Ајнштајн бил многу понапред од некои луѓе во размислувањето за среќата. На врвот на неговата слава, кога бил признаен и докажан за неговата Теорија на релативноста, но и за откритието на фотоелектричниот ефект, познатиот научник смета дека не треба да трчаме по слава и големи успеси.

Според Psychology Today среќата не се дефинира само со радост, туку вклучува и значителна количина на непријатност. Се тврди дека генетскиот состав, животните околности, достигнувањата, брачниот статус, социјалните односи, па дури и вашите соседи можат да влијаат на тоа колку се чувствувате среќни.

На многу начини, среќата е под лична контрола. Можеби на ова мислел Ајнштајн под „скромен живот“? И, ова е доста слично на она што Френк Т. Ендрју, професор по психологија на колеџот Нокс, го кажа за постигнување среќа.

„Работиме многу напорно за да ја постигнеме целта, очекувајќи ја среќата што работата ќе ја донесе. За жал, по кратката радост, брзо се враќаме на нашиот вообичаен начин на постоење и почнуваме да го бркаме следното нешто за кое веруваме дека речиси сигурно – и конечно – ќе нè направи среќни“, напишал професорот на порталот Space.

Сепак, се чини дека успехот и среќата се поврзани бидејќи истражувачите во 2005 година спроведоа масовна студија со 275.000 учесници за да ја разберат. Откриле дека личниот и професионалниот успех може да доведат до среќа и дека среќните поединци бараат и преземаат нови цели во животот.

„Кога луѓето се чувствуваат среќни, тие имаат тенденција да се чувствуваат самоуверени, да бидат оптимисти и енергични, а другите ги сметаат за допадливи и дружељубиви. Среќните луѓе на тој начин можат да имаат корист од овие перцепции“, напиша Соња Љубомирски, д-р, од Универзитетот во Калифорнија, Риверсајд, која беше коавтор на студијата за среќа.

Иако едноставната белешка од 17 зборови на Ајнштајн ја навестува теоријата на среќата, експертите открија дека постојат многу начини да се биде среќен и секој човек има различен пат. Среќата е релативна.

Поврзани содржини