ЈА НАШЛЕ МРТВА Безживотно тело забележано кај браната Градче во Кочани
Безживотното тело на девојката го пронашол вработен на браната, кој пријавил дека е забележан безживотен труп и повикал полиција и Брза помош, кои само констатирале смрт.
Млада девојка вчеравечер е пронајдена мртва на браната Градче во Кочани. Безживотното тело на девојката го пронашол вработен на браната, кој пријавил дека е забележан безживотен труп и повикал полиција и Брза помош, кои само констатирале смрт.
Родителите го препознале телото на девојката.
По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција.
Пред неколку години на истото место беше пронајден труп на девојка.