А Македонците не се дел од реалноста во Република Бугарија, госпоѓо Захариева?

Бугарија има обврска, според пресудата на Меѓународниот суд за човекови права, повторувана по 15-ти пат, да ги признае правата на Македонците во Бугарија и слободата на политичко организирање.

3,154

Екатерина Захариева ја убедува македонската јавност дека „измената на македонскиот Устав не е голема работа”, при тоа додавајќи дека „Бугарите се дел од реалноста во Република Северна Македонија и тоа мора да се прифати“.

Ако промената на нашиот Устав е така мала и едноставна работа, зошто тогаш промената на бугарскиот Устав и внесувањето на Македонците во него, коишто исто така се дел од реалноста во Република Бугарија, е толку тешка и сложена работа?






Та нели граѓанските и етничките права и слободи се европски вредности?

Освен тоа, Бугарија има обврска, според пресудата на Меѓународниот суд за човекови права, повторувана по 15-ти пат, да ги признае правата на Македонците во Бугарија и слободата на политичко организирање.

Како членка на ЕУ, зошто Бугарија не ги признава и не ги извршува одлуките на Меѓународниот суд?

Тоа ли е правна и демократска држава, според европските стандарди и критериуми?

(ФБ статус на авторот, насловот и поднасловот се редакциски)

 

Поврзани содржини