Ја лекувала својата бела мачка со куркума, и го добила ова! (ФОТО)

Сопственичката најпрво ѝ нанела од зачинот на веќе инфицираната нога, но поради тоа што се плашела од евентуално ширење на инфекцијата по телото, Супамас одлучила да став куркума на целата мачка.

1,262

Тамапа Супамас од Тајланд е една обична сопственичка на обична бела мачка, но периодов таа стана вистински хит во светот откако „по грешка“ нејзиното милениче добило дречливо жолта боја. Како што пишуваат светските медиуми, Супамас забележала дека нејзината мачка има инфекција и решила да ја лекува со народниот лек – куркума.

Таа најпрво ѝ нанела од зачинот на веќе инфицираната нога, но поради тоа што се плашела од евентуално ширење на инфекцијата по телото, Супамас одлучила да став куркума на целата мачка.






Откако го сторила тоа, таа сакала да ја измие мачката, но бојата никако не излегувала од крзното. Ги споделила фотографиите од миленичето и побарала помош од другите сопственици на мачки, но наместо тоа, таа се соочила со бројни коментари и исмејувања.

Поврзани содржини