АЈКУЛА ГРИЗНА РИБАР ВО ПОРТУГАЛСКИТЕ ВОДИ Втор таков напад во два дена
Рибарот со хеликоптер бил префрлен во болница откако бил каснат од сина ајкула.
Рибар (35) од Индонезија се опоравува во болница откако бил нападнат од ајкула западно од Вила до Конде, 100 милји од брегот на Португалија, само еден ден откако сина ајкула нападна маж во Шпанија.
Сè уште не е познато како дошло до инцидентот, но се јавува дека по инцидентот ајкулата била фатена во мрежа, пишува Индепендент.
Направен е СОС повик и на бродот е испратен спасувачки хеликоптер, а рибарот во моментов е во тешка, но стабилна состојба.
Сините ајкули не се познати по напади на луѓе, но во овој случај се верува дека ајкулата го нападнала човекот затоа што била вознемирена.
Сина ајкула вчера нападна маж на брегот на Валенсија, што не се случило од 2016 година.