АЈКУЛА ФАТЕНА НА ДЕЛО Усмрти 59-годишен човек на плажа близу Нова Каледонија (ВИДЕО)

Две лица кои пловеле во близина со чамец го вратиле на плажата, каде итните служби се обиделе да го спасат. И покрај обидите за реанимација, несреќниот турист починал.

448

Снимка од ајкула која уби 59-годишен австралиски турист недалеку од популарната плажа во француска Нова Каледонија веќе има 3.300 прегледи на јутјуб. Ајкулата неколку пати го каснала човекот поради што тој се здобил со тешки повреди на рацете и нозете и починал на лице место. Австралијанецот во моментот на нападот бил оддалечен 150 метри од преполната плажа во градот Нумеа, пишува Гардијан.






Две лица кои пловеле во близина со чамец го вратиле на плажата, каде итните служби се обиделе да го спасат. И покрај обидите за реанимација, несреќниот турист починал. Многу од капачите биле сведоци на страотниот напад и панично избегале од морето до брегот, а потоа полицијата го евакуирала поширокото подрачје, пишуваат локалните медиуми.

Градоначалничката Соња Лагард нареди затворање на повеќето плажи во областа и фаќање на ајкулата. Беа распоредени дронови, а две ајкули беа забележани пред операцијата да биде прекината поради темнината , соопшти локалната полиција.

Ова е трет напад на ајкула во близина на плажата Шато-Ројал во последните три недели, пишува Би-Би-Си.

Иако има само 270.000 жители, Нова Каледонија е рангирана на 13-то место во светот по вкупниот број на напади на ајкули, според Природонаучниот музеј на Флорида, кој води статистика од 1958 година. Островот се наоѓа на 1.200 километри од Австралија.

Поврзани содржини