ЈА КРИЕЛА АФЕРАТА НА СИНОТ Мајката на Пике ја удрила Шакира пред децата
Пејачката Шакира наводно имала физичка пресметка со мајката на Жерар Пике со кого се раздели по 12 години врска.
Пејачката Шакира наводно имала физичка пресметка со мајката на Жерар Пике со кого се раздели по 12 години врска.
Според гласините, кавгата настанала кога колумбиската ѕвезда и се пожалила на поранешната свекрва Монсерат Бернаберу дека се обидела да ги скрие вонбрачните врски на нејзиниот син со сегашната девојка Клара Чиа.
Според шпанските медиуми, мајката на Пике му подарила една од своите куќи на својот син за да може да поминува време со својата љубовница.
Новинарката Лаура Фа тврди дека додека на Шакира и требало рамо за плачење, нејзината свекрва била соучесничка во криењето на аферата на Пике, што многу ги повредило чувствата на Шакира.
View this post on Instagram
Локалните шпански весници објавија дека член на семејството бил сведок на физичка пресметка меѓу Шакира и нејзината свекрва.
Анонимен извор откри дека мајката на Пике ја удрила Шакира пред очите на поранешниот фудбалер и нивните деца Саша и Милан.
Инцидентот ја разбеснил Шакира, па таа се дистанцирала од поранешната свекрва. Иако ниту една од страните не го потврди тоа, некои обожаватели ја повикуваат пејачката да поднесе тужба против неа и Пике.
ФОТО: Инстаграм/Твитер