А КОЈ БЕШЕ РОЏЕР СО 20 ТИТУЛИ? Кафелников го понижи Федерер, го пофали Ѓоковиќ
Да бидам искрен, сите веќе го заборавија Федерер. Тоа е мое лично мислење. Има 20 Гренд слем титули. Објективно, Надал има 22, Новак има 24. За некои, Федерер ќе остане најголем, но бројките не лажат. Мериме според турнири и според титули, изјави рускиот ас разгорувајќи дебата кај фановите на Швајцарецот.
Легендата на „белиот спорт“ повторно се најде во центарот на жестока дебата. Не поради рекетот. Туку поради зборовите што болат. Поранешниот руски ас Евгениј Кафелников без задршка го пензионираниот Швајцарец Роџер Федерер, тврдејќи дека светот веќе го заборавил.
Во гостување на руски подкаст, Кафелников ја пресече вековната расправија за тоа кој е ГОАТ, најдобриот на сите времиња, на наједноставен можен начин.
– Да бидам искрен, сите веќе го заборавија Федерер. Тоа е мое лично мислење. Има 20 Гренд слем титули. Објективно, Надал има 22, Новак има 24. За некои, Федерер ќе остане најголем, но бројките не лажат. Мериме според турнири и според титули – рече Русинот разгорувајќи дебата кај фановите на Швајцарецот.
Кафелников не застана тука. Тој откри дека не верувал во новиот подвиг на Ѓоковиќ на Австралија Опен, по полуфиналниот меч.
– Да бидам искрен, кога Алкараз го освои вториот сет, знаев дека Новак нема да може да земе уште два – рече Кафелников.
Сепак, призна дека последните мечеви на Ѓоковиќ биле масовно гледани.
– Не знам точни бројки за телевизиската гледаност, но сигурен сум дека беа огромни. Публиката беше воодушевена, и на стадионот и пред екраните – додаде тој.