ЈА ИСТЕПАЛ ПОРАНЕШНАТА ДЕВОЈКА ВО КОЛА Уапсен тетовец пријавен за насилство
Од СВР Тетово велат дека тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.
Полициски службеници вчеравечер околу 21 часот на улица Илинденска во Тетово го уапсија 23-годишниот Н.А. од тетовска Голема Речица, информира СВР Тетово.
Еден час претходно Н.А. бил пријавен од 22-годишна тетовка, со која тој претходно бил во љубовна врска, дека попладнето физички ја нападнал додека со возило се движеле низ централното подрачје.
Од СВР Тетово велат дека тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.