ЈА ИСКОРИСТИЛЕ МАГЛАТА ЗА ДА ЈА ДОВРШАТ ДЕМОНТАЖАТА НА СТАРИОТ РАДАР Работата не се одразила врз авиосообраќајот

Со оваа фаза се заокружува процесот на демонтажа на стариот и неупотреблив радар, како предуслов за понатамошните активности поврзани со инсталацијата на новиот модерен радарски систем.

144

М-НАВ информира дека вчера успешно ги завршил преостанатите градежни активности за целосна демонтажа на останатите делови од стариот радар на Меѓународниот аеродром Скопје.

Работите биле реализирани во период со магла и намалена видливост, кој бил оптимално искористен за комплетно и безбедно завршување на активностите, без какво било влијание врз одвивањето на воздушниот сообраќај.






Со оваа фаза се заокружува процесот на демонтажа на стариот и неупотреблив радар, како предуслов за понатамошните активности поврзани со инсталацијата на новиот модерен радарски систем.

– М-НАВ и понатаму останува целосно посветен на безбедноста и континуитетот на воздушниот сообраќај, како и на навремена и професионална реализација на сите планирани активности – се наведува во соопштението.

Поврзани содржини