ЈА ИСКОРИСТИЛ ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ ЗА ДА ЛАЖЕ ЛУЃЕ 46-годишен маж од Гевгелија се претставил како полицаец и зел пари од жена

Измамникот побарал од жртвата пари за да купи спрејови за повредениот роднина. За да му помогне, таа му дала пари, но откако не добила фискална сметка, сфатила дека била измамена и случајот веднаш го пријавила во полиција.

6,870

46-годишниот Б.Т. од Гевгелија ја искористил трагедијата во Кочани за да измами 52-годишна жена, претставувајќи се лажно како полициски службеник и роднина на наводно повредено лице.

„Откако успеал да ѝ извлече 3.000 денари под изговор дека ќе купи медицински спрејови, бил фатен и уапсен од полицијата во Скопје“, соопшти МВР.






Настанот се случил на 31 март околу 20 часот во скопската општина Гази Баба. Според пријавата, измамникот ѝ рекол на жената дека повреденото лице од Кочани било згрижено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и дека сега се наоѓа во дом во Гази Баба. Тој побарал од жртвата пари за да купи спрејови за повредениот роднина. За да му помогне, таа му дала пари, но откако не добила фискална сметка, сфатила дека била измамена и случајот веднаш го пријавила во полиција.

По брза реакција, полицијата го пронашла и го лишила од слобода Б.Т. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини